Евентуалниот премин на Нејмар во Барселона нема да стане трансфер сага. Според медиумите во Франција, сегашниот клуб на фудбалерот им споделил на Каталонците дека имаат една недела да ги исполнат нивните барања за трансакцијата.
Штабот на тренерот на Французите го зеде фудбалерот на турнеја во Кина и планира да го вклучи од 1 август во подготвите за почетокот на новата сезона во Лига 1. Ако ова се случи, бразилскиот ас ќе биде отстранет од трансфер листата и сите понуди за него ќе бидат отфрлени.
И за да го прекинат неговото незадоволство од неговиот евентуален престој на „Парк де Пренс“, шефовите на клубот се подготвени значително да ја подобрат неговата плата. Во моментов, таа е 36 милиони евра годишно или 3 милиони евра месечно. Повеќе од него зема само Лео Меси од Барселона – 41 милион сезона – и Нејмар може да се приближи дотоа ако остане во Париз.
Поради овој краен рок, се очекува каталонското раководство да ги интезивира преговорите. Нивната прва понуда од двајца играчи, плус 40 милиони евра, беше одбиена. ПСЖ сака 300 милиони евра за Нејмар.