Поранешен левичарски екстремист е убиен денеска во центарот на Рим во пресметка со агенти од приватно обезбедување, кога тој заедно со двајца соучесници се обидел да ограби автомобил со пари, јавија италијанските медиуми.
Престрелката во центарот на градот предизвика паника меѓу минувачите, во близина на познатата базиликата Санта Марија Маџоре, која ја посетуваат голем број на туристи.
Во престрелката е повреден и еден стражар кој од банката ја носел вреќата со 100.000 евра, која разбојници се обидоа да ја украдат.
Убиениот крадец е идентификуван како Џорџо Фрау, за кого италијанските медиуми велат дека во текот на 70-тите и 80-тите години на минатиот век, бил член на неколку милитантни групи, вклучувајќи ја и Црвената бригада.
Полицијата ги уапси двајцата соучесници на фрау. Тој во 2004 година е осуден на четири години и осум месеци затвор за нелегално поседување на оружје.