ВМРО-ДПМНЕ: Целата јавност е свесна дека Боки 13 не е најголемиот мафијаш во Македонија

Од:

„Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е Зоран Заев ги протега своите пипци низ секоја пора на македонското општество. Граѓаните се жртва на криминалната банда на власт, која безмилосно работи единствено за своите лични интереси.

Катица Јанева е само еден од пипците на октоподот, без кој Боки 13-ка не би можел да изнудува милионски рекет и да уценува македонски бизнисмени, политичари граѓани“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На сите во Македонија им е јасно дека главата на криминалниот октопод е аболицираниот Зоран Заев. Ниту еден граѓанин во Македонија не може да поверува дека Зоран Заев не е дел од оваа мега афера. Како би можело човек кој три пати амнестиран за тежок криминал да пропушти ваква криминална зделка или да верува дека лик како Боки 13 без поддршка ја рекетирал или заплашувал цела држава?

Јанева на својата вчерашна прес конференција призна дека СЈО го пртворила во рекетарски бизнис. По скандалот со наводно изгубениот телефон, Катица повторно застана на патот на правдата и истата ја попречи со тоа што не откри кои други лица рекетирале во нејзини име. Со ова таа само ги потврдува сомнежите дека е соучесник во рекетот.

Јанева мора да одговори дали била во контакт со Зоран Заев, со инфамозните Кики и Фрики и за што разговарале на „загубениот“ телефон?

Таа мора да одговори дали е лично нејзина одлуката за укинување на притворот на бизнисменот Јордан Камчев?

Целата македонска јавност е свесна дека Боки 13 не е најголемиот мафијаш во Република Македонија. Се знае кој е на чело на мафијата во државава, кој е капо ди тути капи и поради кого се плаќа рекет. Јовановски е само еден од пипците на криминалниот октопод на кој главата е Зоран Заев.

Секој еден кој се огрешил пред законот ќе одговара по промената на власта во Македонија. Никој нема да биде поштеден, ниту амнестиран, правдата е слепа и таква и ќе остане“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски