Џонсон ветува: Ќе го завршиме Брегзит на 31 октомври

Од:

Новиот лидер на Конзервативната партија, Борис Џонсон, кој утре од Тереза Меј ќе ја преземе должноста британски премиер, вети дека ќе го заврши процесот за излез на земјата од ЕИ на 31 октомври.

Тој го даде своето ветување во победнички говор, по објавата дека на ториевските внатрепартиски избори убедливо го победил актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант, на кого му се заблагодари. Џонсон освои 92.153, наспроти 46.656 гласови за Хант.

– Ќе и донесеме нова енергија на земјата. Ќе го завршиме Брегзит на 31 октомври и ќе ги искористиме сите можности, кои тој ќе ги донесе, нагласи идниот британски премиер.

Џонсон, кого медиумите го нарекуваат „Боџо“, по гласањето истакна дека „знае оти некои луѓе ќе го доведат во прашање неговиот избор за премиер“, сепак негова цел е да го спроведе Брегзит, да ја обедини земјата и да го победи лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин.

Тереза Меј утре ќе замине во Бакингемската плата да и ја предаде својата оставка на британската кралица Елизабета Втора, а еден час подоцна кај кралицата ќе пристигне Борис Џонсон, кој од неа официјално ќе го добие премиерскиот мандат.

Неколку членови од владата на досегашната премиерка Тереза Меј изјавија дека ќе поднесат оставка пред Џонсон да ги отпушти поради нивното несогласување со неговата намера да ја извади Британија од ЕУ, со или без договор.

Министерката за образование Ен Милтон денеска поднесе оставка поради „сериозна загриженост“ во врска со Брегзит без договор со ЕУ.

Претходно оставка поднесе и министерот за Европа и Америка и државен секретар во Министерството за надворешни работи на Велика Британија, Ален Данкан. Тој се смета за приврзаник на ЕУ и го обвини Џонсон дека не го поддржал британскиот амбасадор во Вашингтон откако протекоа информации за неговото мислење за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд, како и министерот за правда Дејвид Гок, вчера најавија дека ќе поднесат оставка во среда доколку Џонсон го преземе кабинетот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски