Бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ

Од:

Со проекција на филмот „Студена војна“ на режисерот Павел Павликовски вечер во паркот на МКЦ ќе почне првото издание на „Кино на трева“ во чии рамки во наредните пет дена ќе има бесплатни филмски вечерни проекции.

До 27 јули ќе се прикажат вкупно пет филмови за кои е обезбеден превод на македонски јазик. Сите проекции ќе почнуваат во 21 часот, освен онаа на 26 јули која ќе започне по полноќ.

Ќе бидат прикажани и филмовите „Догмен“ од Матео Гароне, „Лоро“ од Паоло Сорентино, „Ослободување на Скопје “ од Раде и Данило Шербеџија, и „Граница“ од Али Абаси.

Посетителите на манифестацијата Кино на трева, која е во склоп на програмата на настанот „МКЦ за Скопје“ ќе треба сами да си обезбедат пригодни столчиња или ќебиња за да ги следат проекциите.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ