Иранските државни медиуми објавија слики од членови на екипажот на британскиот танкер, кој беше запленет во Заливот.
Фотографиите се објавени за да покажат дека екипажот е добро додека ирански официјален претставник ги брифира за ситуацијата.
Секретарот за надворешни работи подоцна се очекува да ги претстави следните чекори на Велика Британија до пратениците. Запленувањето на танкерот дојде во време кога министрите на Британија размислуваат за замрзнување на иранските средства.
Сликите, објавени од страна на новинските агенции Фарс и Ириб, покажуваат како некои од 23-те членови на екипажот одржуваат состаноци и ги следат компјутерските системи.
Претходно Белика Британија ги повтори своите барања за Иран веднаш да го ослободи танкерот кој беше запленет во петокот.
Британската премиерка Тереза Мај денеска свика вонредна владина седница на која ќе се дискутира за реакцијата што треба да се испрати на Иран по запленувањето на танкерот со нафта под британско знаме во Ормускиот теснец.