Мицкоски ја изгуби тужбата од 10 илјади евра против Миновски

Од:

Скопските апелациски судии Катерина Георгиевска, Зоран Герасимовски и Афердита Шеху Асани пресудија во полза на разрешениот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, по жалбата за тужбата за клевета и навреда која против него ја поднесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пред скопскиот граѓански суд, Мицкоски го тужел Миновски затоа што на прес-конференција изнел невистини со намера му да наштети на честа и угледот и барал приближно 10 илјади евра како надомест на штета. Првостепениот суд ја отфрлил жалбата на Мицкоски, кој преку адвокатското друштво „Наумов, Менкиноски и партнери“ поднел жалба на првостепената пресуда поради суштествени повреди на одредбите од Законот за парнична постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право.

Скопска Апелација на 4 јули годинава ја потврдила првостепената пресуда, со образложение дека претходно со партиски соопштенија во јавноста била отворена поширока јавна дебата за темата, а Миновски ги изнел сомнежите на прес-конференцијата, врз основа на документи.

„…Сите изјави кои се дадени на прес-конференцијата а се предмет на спорот не треба да се ценат поединечно и извадени од контекст на целокупната содржина, туку како изјави кои се дадени како резултат на отворена дебата од јавен интерес поврзана со работењето на компанијата АД ЕЛЕМ“, пишува во пресудата.

Станува збор за изјавата на Миновски за договори во четири очи кои наводно ги склучил лидерот на ВМРО ДПМНЕ, веднаш кога дошол на позицијата директор на АД „ЕЛЕМ“. Според изјавата Мицкоски склучил два договори со непосредна спогодба со компаниите Пелистер и со Марковски, и двата во вредност од 10,5 милиони евра.

Мицкоски треба на Миновски да му ги надомести судските трошоци од 22.567 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ваучерите се мал дел, по изборите ќе се шокирате од тоа што се правело

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Предраг Петровиќ