„Кажете еднаш засекогаш НЕ за криминалот“, петиција за инспекторот Илиевски

Од:

„Кажете еднаш засекогаш НЕ за криминалот во Македонија“, е мотото на петицијата на која граѓаните ќе може електронски да дадат поддршка за просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски. Инспекторот обелодени дека јавни функционери незаконски стекнувале факултетски звања на Државниот универзитет во Тетово, меѓу кои и актуелниот министер за образование, Арбер Адеми.

Инспекторот Илиевски изјави дека по објавените материјали во јавноста, очекува директорот да му даде отказ на шест месеци пред пензија, најавувајќи дека целиот случај ќе продолжи да го води низ судска постапка. Илиевски изминатиот период со доставување документи и отворени писма во медиумите откри дека при инспекциите биле утврдени незаконските унапредувања на јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово.

Дисциплинската комисија при Државниот просветен инспекторат во петокот утврди дека има основи дисциплински да се казни инспекторот Илиевски и кратко соопшти дека утврдиле прекршок, но не сакаа да откријат повеќе детали за причините.

Инспекторот Илиевски изјави дека се сомнева дека процесот против него се води поради тоа што зборувал во медиумите, имал средби со амбасадори и се обратил до другите институции да ги истражуваат незаконските дејства за кои алармирал.

Дисциплинската постапка беше закажана кога инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката ја поведе Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Потписниците на петицијата на овој начин отворено може да дадат поддршка за инспекторот Илиевски. До сега поддршка за инспекторот дадоа над 1.900 граѓани.

Би можело да ве интересира

Филиповска Грашкоска: Инспекцискиот совет професионално презема чекори за утврдување дисциплинска одговорност на Саљиу

Деградираниот инспектор Илиевски се пожали и во Мисијата на ЕУ во Скопје

Васко Маглешов

Деградиран инспекторот Илиевски, кој откри незаконски унапредувања на функционери

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Илиевски: Ме дисциплинираат зашто констатирав незаконско унапредување на функционери на ДУИ

Васко Маглешов

ВИДЕО: Директорот на Просветен инспекторат ќе одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Васко Маглешов

Просветниот инспекторат: Мал е просторот, нема доволно место за новинарите

Кристијан Ландов