Институтот за Политички Истражувања од Скопје спроведе телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1110 испитаници, кои го дадоа своето мислење за неколку актуелни политички прашања поврзани со најавениот бојкот на локалните избори на опозицијата.
Кај репрезентативниот примерок запазени се демографските специфики, а биле застапени испитаници од сите изборни региони. Анкетата се спроведе од 25-ти до 28-ми февруари.