А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев стои зад аферата „Рекет“

by А1он22/07/2019 - 09:13567
Share0

„Една недела по обелоденувањето на вториот октопод на СДСМ, Зоран Заев и Вилма Русковска се обидуваат да ја измамат јавноста дека Боки 13 бил најмоќниот човек во државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заев и Русковска ги потценуваат граѓаните убедувајќи дека Боки 13-ка сам на своја рака, без никаква поддршка од власта и моќниците изнудувал милиони евра од бизнисмени. Односот на СДСМ кон граѓаните и медиумите е срамен и понижувачки“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту еден граѓанин на Република Македонија не верува дека човекот кој во својата политичка кариера три пати беше амнестиран за тежок криминал не бил вклучен во најголемата криминална афера во поновата македонска историја.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод на СДСМ, тој е човекот кој го собра кај себе целото криминално подземје и подари држава на мафијата, нашата држава Република Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Зоран Заев како и во сите претходни случаи на милионски криминал, стои зад аферата „Рекет“. Негова десна рака е обвинителката Катица Јанева која за него досега го спроведуваше политичкиот прогон во Република Македонија, а потоа благодарение на бомбите на Заев рекетираше македонски политичари, бизнисмени граѓани.

Кики и Фрики, Боки 13 и Зоки Кичеец се само пипците на овој криминал на столетието, пипците на октоподот каде главата е Заев.

За да се стави крај на безвластието во Македонија Зоран Заев мора да си замине. За да се врати правдата и да одговорат сите оние кои се огрешиле пред законот, Заев мора да замине во политичка пензија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео