СДСМ: Мицкоски е против неселективно владеење на правото

Од:

„Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Христијан Мицкоски и раководството на опозициската партија по секоја цена се обидуваат да ја попречат правдата.

Единствената цел на Мицкоски е да го брани криминалот на неговиот ментор и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски.

Со неприфаќањето на предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води Јавното обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само бараат алиби за неприфаќање на Предлог законот за Јавно обвинителство“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против владеење на правото, против правда и независен и неселективен судски систем.

Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи, предлагаа спојување на СЈО во ОЈО.

Во ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство немаше барање за прекин на мандатот на обвинителката Рускоска.

ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против Рускоска, но откако увидоа дека институциите работат неселективно и по сите прописи, наеднаш тоа почна да им пречи.

Мицкоски не сака да продолжи правдата, му смета гонење на криминалот и затоа побегна од лидерска средба но од правдата нема да избега.

Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата и ќе одговара колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт