Варвициотис: Нова демократија во наследство го доби лошиот Договор од Преспа

Од:

Не сме копотписници на Договорот од Преспа. Како што ни оставивте во наследство други прашања, така во наследство го добивме и лошиот договор за кој треба да работиме за резултатите да ги направиме многу подобри, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, надлежен за европски прашања Милитиадис Варвициотис, за време на расправата во Парламентот за гласање доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија им се обрати на поранешниот премиер Ципрас, на поранешниот министер за надворешни работи Катругалос и на другите кои коментирале, велејќи дека дошло до недоразбирање во однос на она што тој го кажа на конференцијата на „Економист“. Го повтори веќе изнесениот став дека Нова демократија „се бореше и стори сѐ да не се потпише и да не се ратификува Договорот од Преспа“, бидејќи смета дека станува збор за лош договор и не ги решава на корисен начин националните прашања.

-Да не се истрчувате и да велите дека сме копотписници на Договорот од Преспа. Го наследивме, ќе се обидеме, преку тесната рамка што е опишана да ја подобриме реалноста што ја создава и тоа ќе го направиме доследно, со труд, со меѓународните сојузништва и без да ја ризикуваме позицијата на земјата. Бидејќи секоја друга политика би значела дека го имаме загубено нашето главно оружје, што беше ветото за влез на Скопје во НАТО, а од друга страна ја имаме изгубено Времената спогодба, што го предвидуваше начинот на кој оваа држава се претставува во меѓународните организации, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција.

Варвициотис објасни постојат две полиња на кои треба да работат за резултатите од „лошиот договор да бидат многу подобри за грчките национални интереси“.

-Прво е полето на економијата, прашањето со бизнисите, производите, кои треба да ги зајакнеме, треба да го дадеме поттикот што треба и, секако, треба на европско ниво да ја гарантираме нивната автентичност. Второто е прашањето со иредентизмот. И овде сакаме да испратиме јасна порака дека ќе бидеме во континуиран процес на следење и на развојот на предвиденото во Договорот, но уште повеќе кога ќе се отвори европскиот пат на северниот сосед кон Европската унија, тогаш во секоја фаза ќе бидеме таму за да следиме, бидејќи сакаме Западен Балкан да оди напред во Европа, но без никакви отстапки, ниту за прашањата со иредентизмот, ниту за прашања кои се поврзани со владеењето на правото, рече Варвициотис за време на расправата во Парламентот за гласање доверба на грчката влада, пренесе МИА.

Би можело да ве интересира

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Кос: Очекувам Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот

Горан Наумовски

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија