Осуммина загинати во самоубиствен напад во Пакистан

Од:

Најмалку осум луѓе загинаа, а 26 се повредени кога жена бомбаш-самоубиец се разнесе пред болница во пакистанскиот град Дера Исмаил Кан.

Одговорноста за нападот ја презеде групата позната како Пакистански талибанци, чиј портпарол Мухамед Курасани истакна дека станува збор за одмазда поради убиство на двајца талибанци пред еден месец.

Нападот се случил откако се убиени двајца полицајци на контролен пункт во градот.

– Кога нивните тела се однесени в болница, бомбашот за кој се претпоставува дека е жена во бурка, го активирала експлозивот, изјави локален полицаец.

Во експлозијата е уништен ургентниот оддел на болницата, поради што некои од повредените се пренесени во други градови.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Крвожедни видри нападнаа жена среде парк

Предраг Петровиќ

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Уапсено 15-годишно момче за нападот во Германија во кој загинаа три лица

A1on