Куче било запалено со бензин во гевгелиско Стојаково

Од:

Маалско куче попладнево било запалено со бензин во гевгелиско Стојаково, а поради тешките изгореници по телото, за кратко време починало. Според информациите објавени на социјалните мрежи, кучето пред да биде запалено, било измачувано и тепано со вила.

Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи, а со тоа да се одобруваат вакви убиства. Тие бараат санкции за сторителот кој го извршил убиството на монструозен начин. Случајот ќе биде пријавен во полиција.

Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно