Водата во Тиквешијата може да се пие без превривање

Од:

Укината е препораката за задолжително преврирање на водата за пиење пред употребаво Тиквешијата.

– По извршените анализи на примероците од вода кои континуирано ги земавме неколку дена, стручните лица на центарот контстаираа дека сите досегашни отстапувања на својствата на водата се нормализирани, така што претходните параметри се во рамки на нормалата.

– Констатирано е присуство на резидуален хлор во водата за пиење од која пијат кавадарчани и неготинци, но и жители на неколку села. Дезинфекцијата на водата е успешна, вели доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Сега водата може слободно да се пие без превривање.

Препораката беше донесена од Центарот за јавно здравје Кавадарци во понеделникот кога дојде до промена на бојата на водата за пиење поради обилните дождови на планината Кожуф каде што се изворите од регионалниот водовод „Лукар”.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он