Во Крива Паланка на ул. „8-ми Октомври“, синоќа во 18,40 минути додека Д.Н.(18) од село Ранковци се враќал од училиште бил пресретнат од неговиот соученик М.В.(17) од село Радибуш, кој без повод и причина физички го нападнал, удирајќи го со тупаници и клоци по телото, по што со нож му нанел убодна рана во пределот на десната надколеница.
Д.Н. е пренесен во ЈЗУ Крива Паланка за укажување лекарска помош, додека М.В. е приведен во Полициската станица Крива Паланка и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.