Германски пратеник ја повика Италија да ја напушти еврозоната

Од:

Пратеникот од Христијанско-демократската унија на германскиот канцелар Ангела Меркел, Клаус Петер Вилш ја повика денеска Италија да ја напушти еврзоната, доколку не може да ги почитува прописите на Европската унија по изборите.

– Доколку некој не може да ги убеди луѓето во земјата дека мораат да ги исполнат обврските, кои ги презеле во насока на функционирање на заедничката валута, не треба да има повици од надвор за распишување нови избори, но таа земја тогаш треба да се врати на сопствената валута, изјави Вилш.

– Доколку сакаме да имаме мирољубива и чесна соработка во Европа и сериозно да го сфатиме правото на народот да ги носи сопствените одлуки, треба да се откажеме од идеологијата Европа со евро, изјави конзервативниот политичар, кој е познат по својот евроскептицизам.

Германија, која е најголемото европско стопанство, не ја криеше загриженоста дека неизвесноста во Италија по изборите би можела повторно да ја поттикне кризата, која мирува со месеци.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо