Хорот „Св. Злата Мегленска“ вечер на „Скопско лето“

Од:

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ со диригентката Летка Димовска-Полизова вечер од 20.30 часот во Куршумли ан ќе го одржи концертот „Глорија – концерт за душа“ кој на 4 јули беше одложен поради силното невреме во Скопје. Влезот за посетители е слободен.

Концертот е насловен по „Глорија“ на Вивалди која е на програмата заедно со композиции од други автори на класична и на џез-музика. Со хористките од „Св. Злата Мегленска“ ќе настапат и камерниот гудачки состав „Пламенка Трајковска“, џез-триото: Иван Еминовиќ – пијано, Дејан Митровиќ – бас гитара и Матрина Баракоска – тапани и четворица вокални солисти: Катерина Стојановска, Мартина Аврамовска, Васил Гарванлиев и Јасмина Димитровска.

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ е формиран во 1996 година при Македонската православна црква. Основач, диригент и уметнички раководител на хорот е Летка Димовска-олизова. Хорот е составен од 22 женски вокали, повеќето од нив млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од други државни факултети во земјава.

Во 22 години концертна и фестивалска дејност, хорот „Св. Злата Мегленска“ има освоено награди и признанија во повеќе европски земји, како и во САД и Канада, и имал настапи во најпознатите катедрали во светот, концертни сали, оперски куќи, национални музеи.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022