Со хеликоптер извлечено 15-годишно девојче од Селечка Планина кај Прилеп

Од:

Голема драма се одигра во пазувите на Селечка Планина над Прилеп кога денеска со хеликоптер на МВР е извлечена 15-годишна девојка и е префрлена во прилепската Градска болница. Оттаму констатирале дека нема повреди ниту на телото ниту на главата, туку измрзнатини кои со терапија ќе бидат санирани.

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, изутрината во 7:44 часот од прилепската Противпожарна единица било пријавено дека на местото викано „Чуле“ на Селечка Планина, 15 годишнаа малолетничка од Прилеп паднала и, евентуално може да има повреди.

– Полицијата веднаш излегла на местото и бидејќи теренот бил недостапен, бил повикан хеликоптер на МВР кој брзо пристигнал и го извлекол девојчето кое било префрлено во прилепската Градска болница „Борка Талески“, информира Стаматова.

Според Драган Богоески, директор на прилепската болница девојчето нема повреди туку измрзнатини, доби соодветна терапија и е надвор од животна опасност.

– Девојчето е доведено околу пладне во свесна состојба. Констатирано е дека нема повреди, ниту скршеници и нема повреди на главата. Според тоа постапено е со затоплување, доби витаминска и антибиотска терапија. На набљудување ќе остане ден-два во болницата, изјави Богоески.

Петнаесетгодишната малолетничка и момче, за кое нема детали, цела ноќ поминале на планина. Наводно се упатиле синоќа накај планинарскиот дом на Селечка и ноќта ја поминале на отворено на нестабилното дождливо и ветровито време. Изутрината кога сакале да се вратат, девојката паднала и мислејќи дека се повредила, повикани се противпожарната единица и прилепската полиција, а потоа, поради непристапниот терен, повикан бил хеликоптер на МВР.

Од полицијата каде работат на расветлувањето на случајот, не соопштуваат други детали за настанот кој можел да биде кобен за младите.

Би можело да ве интересира

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп