Електричниот „Шевролет Спарк“ подготвен за Европа

Од:

Електричниот „Спарк ЕВ“ на „Шевролет“, предвиден за следната 2014 година, на публиката ќе и „се поклони“ на автосалонот во Женева.

Прв пат претставен на неодамнешното автошоу во Лос Анџелес, овој градски компакт на американскиот производител сега е подготвен за поход на европскиот пазар, но ќе биде достапен само во земјите кои имаат развиена инфраструктура за електрични возила.

„Спарк ЕВ“ го придвижува електромотор на „Џенарал Моторс“, помогнат од склопка литиум-јонски батерии што се ладат, односно ја греат течноста.

Потенцијалниот досег на возилото за сега не е откриен.

-Токму како моделот„Волт“,ова динамично возило придвижувано од батерии е доказ на ингенизноста на „Шевролет“ во подрачјето на умните решенија на мобилноста, изјави извршната директорка на „Шевролет“ и „Кадилак“ во Европа, Сузан Доерти.

Со проценета сила од 100 кв (136 КС), „Спарк ЕВ“ треба да може да забрза до 100 километри на час за помалку од осум секунди, што е навистина импресивно за електрично возило од овој ранг.

Доколку сите овие податоци се покажат како точни, „Спарк ЕВ“ ќе биде примамлива алтернатива на „Ц-Зеро“ на „Цитроен“ или на „и-МиЕВ“ на Митцубиши.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска