„Мерцедес“ официјално го претстави новиот „А45 АМГ“ модел во пресрет на неговата премиера на авто салонот во Женева, што ќе се оддржи овој месец.
Автомобилот го придвижува 2.0-литарски, 4-цилиндерски турбо мотор од 360 КС што развиваат 450 Нм обртен момент.
Моделот има седумбрзински менувач со двојна спојка и „Race Stаrt“ функција, како и погон на сите тркала.
Моделот може да забрза до 100 километри на час за 4,6 секунди и да развие електронски ограничена брзина од 250 килметри на час.
Просечната потрошувачка изнесува околу 7 литри на 100 километри, со емисија на ЦО2 од 165 г/км.
Системот за запирање на „АМГ“ се состои од перфорирани и вентилирани дискови чии димензии се 350х32 милиметри напред и 330х22 милиметри назад.
Возилото користи 18-инчни лесни алуминиумски фелни со гуми со димензија 235/40 Р18, а во опција се достапни и 19-инчни фелни со гуми со димензија 235/35.
Во понудата се и различни „АМГ“ надградби кои вклучуваат црвена запирачка клешта, Ексклузив пакет, куќиште за ретровизори од јаглеродни влакна, аеродинамичен пакет, „ноќен“ пакет и врвен издувен систем и вешање.