Во НУ Музеј на современата уметност вечер ќе биде презентирана монографија и ретроспективна изложба на Александар Ацо Станкоски, македонски уметник и значаен претставник на современата македонска ликовна сцена.
Ќе бидат изложени 128 дела, а целосната слика за неговото творештво ќе може да се проследи и преку монографијата, чиј автори се Александар Станкоски и Владимир Величковски.
Како што е најавено изложбата ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и директорката на НУ МСУ, Елиза Шулевска, а промотор на монографијата е Конча Пиркоска.