Фредрик Ериксон: Сите може да очекува придобивки од договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ

Од:

Создавањето на Трансатланска слободна трговска зона, што го најавија САД и Европската Унија, би имало позитивни ефекти и врз соседните држави од двете страни од Атлантикот, вклучително и врз Македонија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Иако се очекува процесот на постигнување на трговскиот договор да биде исклучително сложен и преговорите да траат со години, сепак, и во Брисел и во Вашингтон изразуваат силна поддршка за реализирање на оваа историска мерка, која
може да помогне да се ублажат последиците од економската криза.

Очекувањата се дека постигнувањето на договор за укинување на царинските и регулаторните ограничувања меѓу две од трите најголеми економии во светот ќе придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за половина до еден процент, и ќе создаде нов центар за развој на слободната трговија со Азија, Јужна Америка и Африка.

– Мислам дека полчитичарите и преговарачите од двете страни навистина сакаат ова да го сторат бргу. Си поставија многу амбициозна агенда. Приватно признаваат дека процедурата ќе трае подолго, но во исто време мораат да постават кратки рокови, за да вршат притисок врз преговарачите и врз функционерите и политичарите од двете страни. Ако ги поставиме роковите за две, три години од сега, што ќе постигнеме? Ништо нема да се случи сега, сите ќе чекаат разговорите и преговорите да почнат кога ќе се приближи крајот на рокот, изјави за МИА Фредрик Ериксон, угледен шведски економист и директор на Европскиот центар за меѓународна економска политика.

Ериксон појаснува дека договорот нема директно да се одрази врз државите кои не се членки на Европската Унија, како што е Македонија, но, според него, посебниот статус кој земјите- кандидати за членство го имаат во трговијата со Европската Унија, ќе значи дека тие ќе може бргу да влезат во очекуваниот втор бран во кој ќе бидат опфатени соседните држави од двата континенти.

– Како прво, ниту една држава нема да биде автоматски вклучена во ваков трговски договор. Државите кои имаат договори за слободна трговија, за асоцијација или за царинска унија со ЕУ, нема да бидат автоматски опфатени од овој договор, ниту позитивно, ниту негативно. Тоа значи дека ако овие држави сакаат да добијат слични трговски поволности со САД, ќе мора да склучат одделни договори со Вашингтон. Доброто е што мислам дека ќе има воља од страна на САД да ја вклучи и пошироката територија околу Европската Унија, која има силна пазарна поврзаност со ЕУ, а на сличен начин ова ќе биде можност и за Европа да гледа кон Канада и Мексико и да бара начин и нив да ги вклучи во Атланскиот трговски договор. Мислам дека ќе видиме втор бран на ефекти кои ќе произлезат од овој транс-атлански договор, вели Ериксон, кој учествуваше во трибина за предложениот трговски блок организирана од либертаријанскиот институт „Кејто“ во Вашингтон.

Овие ефекти би значеле дека македонските производи и услуги ќе можат, освен да бидат лесно и без плаќање на давачки да бидат пласирани на американскиот пазар. Секако, по евентуалното членство во Европската Унија, овој договор би важел и за Македонија.

– Кога ќе станете членка на ЕУ автоматски ќе станете дел од овој договор. Со влегувањето во ЕУ ќе ги прифатите сите договори претходно потпишани од ЕУ и ќе бидете принудени да ги почитувате. Договорот ќе се однесува целосно и еднакво на сите членки на ЕУ, вели Ериксон.

Сајмон Лестер од „Кејто“ оцени дека договорот е дотолку повеќе важен што одамна не се случил значителен успех на поборниците за слободна трговија во светот.

Учесниците во дискусијата оценија дека Светската трговска организација (СТО), која е задолжена да промовира намалување на трговските ограничувања низ светот, е практично надмината институција и дека живееме во пост-СТО свет, во кој сојузот САД–ЕУ како далеку најголем трговски блок на светот, ќе може да биде нов мотор за засилување на светската трговија.

Сепак, Лестер предупреди на опасноста овие два светски центри, познати по огромното количество на регулативи и бирократски пречки кои ги произведуваат, да се заплеткаат во преговорите околу регулативите, но и околу земјоделските производи.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно