Ванчева Калевска: Не смее да има недопирливи за правдата

Од:

Вчерашниот ден покажува дека нема недопирливи и не смее да има недопирливи на правдата, изјави денеска пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калевска.

– Секогаш кога постои основано сомнение за сторено кривично дело обвинителството е должно да постапува согласно своите надлежности, а доколку таквите основани сомненија се преточат во обвинителен акт којшто ќе стигне во судот, судот секако треба да постапува. Што и како понатаму ќе се одвиваат работите околу овој случај, ниту сакам, ниту можам, ниту би било во ред да коментирам, бидејќи тоа е нешто кое што е строго согласно Уставот надлежност на третата власт, односно судската власт, рече пратеничката во врска со случајот „Рекет“.

Ние како парламентарци и јас како дел од парламентарното мнозинство, додаде таа, можам само да кажам дека навистина се надевам и верувам дека иднината ќе покаже дека Македонија, нашата држава може и мора да се справува со сите предизвици вклучително со предизвикот на загрозено владеење на правото.

– Тоа беше ветување на СДСМ и коалицијата за враќање на довербата на граѓаните, за темелите на државата коишто беа загрозени да бидат цврсто бетонирани и конечно да говориме за навистина непречено владеење на правото, рече пратеничката Ванчева Калевска.

Според неа, секој треба да си ја работи својата работа и секој има индивидуална одговорност, колективна може да биде политичката одговорност, но кога станува збор за кривична одговорност тогаш тоа секако има име и презиме и мора да биде индивидуализирано.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време