Гостиварец и дебранец го нарушиле јавиот ред и мир во Дебар

Од:

Полициската станица од општа надлежност во Дебар, соопшти дека гостиварец и дебранец го нарушиле јавниот ред и мир во градот.

– Лицето Ш.Ч. од гостиварското село Врапчиште и Л.Б. од Дебар вчера на улица „8-Септември“ го нарушиле јавниот ред и мир. Против нив, според одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според Димоски, претходно во полициската канцеларија во Центар Жупа, А.Ј.(21) од селото Праленик, пријавил дека бил физички нападнат од Е.Е. од истото село. Тој е повикан на разговор и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок