Кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин

Од:

Кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Во Полициската станица Кавадарци, И.А.(38) од Кавадарци пријавил дека во неговиот дом дошол У.С.(20) од Кавадарци и започнал расправија со него во врска со паричен долг. Според пријавеното, И.А. со остар предмет на У.С. му нанел убодна рана. На У.С. му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Повредениот бил задржан во станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки