Пентагон веројатно в четврток ќе добие нов шеф

Од:

По повеќемесечно одложување, се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да побара од Сенатот да го потврди Марк Еспер за наследник на поранешниот министер за одбрана Џим Матис.

Оставката на Матис пред седум месеци покрена во Пентагон досега незабележан период на нестабилност на највисоко ниво.

Американските медиуми пишуваат дека на именувањето на Еспер се работи повеќе недели, а тој веќе ја врши функцијата вршител на должност шеф на Пентагон.

Меѓутоа, Еспер ќе мора да ја напушти оваа времена функција додека Сенатот го разгледува неговото именување.

Наместо Еспер, за вршител на должност министер за одбрана ќе биде поставен Ричард Спенсер, кој од август 2017 година ја врши функцијата цивилен раководител на американската Воена морнарица.

Се очекува Спенсер да биде кратко на министерската функција, бидејќи Еспер уште в четврток би требало да биде потврден како нов шеф на Пентагон, по што ќе положи заклетва, а Спенсер ќе и се врати на Воената морнарица.

Сенатот, каде мнозинството го сочинуваат републиканците, утре ќе одржи сослушување на Еспер, кој стана вршител на должност министер за одбрана на САД откако времениот шеф на Пентагон Патрик Шенахан ненадејно поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина