Најмалку 36 лица загинаа, а илјадници други побараа засолниште во базата на мировните мисии на ОН, после судирот на војската и бунтовничката вооружена група во источниот дел на Демократска Република Конго, соопшти портпаролот на ОН.
Помеѓу 3000 и 4000 луѓе се собраа околу малата база на ОН во местото Кичанг во провинцијата Северен Киву, по жестоките борби што избувнаа во средата, изјави за новинарите Едуардо дел Буи, пренесува АФП.
Истокот на ДР Конго, богат со природни ресурси, зафатен е во последните две децении со судири на бројни вооружени групи, од кои некои имаат поддршка од соседните земји.
Најновите немири избувнаа минатата година и кулминираа во ноември кога бунтовничкото движење 23 март (M23) го зазеде клучниот градот Гома.