Продолжува петвековната традиција на пеливанството

Од:

Пеливанството е вековна традиција на албанскиот народ што подразбира почитување на моќтта, почитување на противникот, почитување на правилата, на јавноста и достоинствената прослава. Кога на сето ова ќе се додадат обредите пред настапот на борачите-пеливани, тогаш традицијата добива големи вредности кои се восхитувачки за секоја нација, порача вчера министерот за култура Хусни Исмаили на Меѓународната културно-спортска манифестација во традиционално борење (пеливанство) која се одржа во Спортско-рекреативниот центар во Студеничани.

Како што соопштија од Министерството за култура, Исмаили ја истакнал поддршката на Мнистерството за прогласување на овој етно-спорт за културно добро на Република Северна Македонија со што ова автентично случување со сите свои специфики ќе се заштити како културно наследство.

На манифестацијата освен од земјава учествувале борачи-пеливани од балканските земји, Турција, Грција, Бугарија, Косово и Албанија, кои се натпреварувале во пет категории. Во рамки на манифестацијата настапиле и членовите на културно-уметничкото друштво „Емин Дураку“ кои презентирале традиционални ора и игри, а неизоставен дел од настанот биле и старите традиционални јадења карактеристични за реонот Каршијака.

За вековната традиција пеливанство како традиционален спорт и вештина во општина Студеничани, како своевиден културен артефакт, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ изготвил елаборат со цел прогласување на овој етно-спорт за културно добро на државава со што ова автентично случување со сите свои специфики ќе се заштити како културно наследство.

Натпреварот го организирале Здружението за образование, култура, спорт и екологија (АКСИ) и Федерацијата на пеливани на Македонија, а деветта година се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот