На Скопско лето театарски интерактивен перформанс „Актер – Човек“ и италијанскиот филм „По стапките на мојот татко“

Од:

Во рамки на Скопско лето 2019 вечер во Куршумли ан ќе се одржи театарскиот интерактивен перформанс „Актер Човек“, а во Сули ан ќе биде прикажан италијанскиот филм „По стапките на мојот татко“ во режија на Марко Сегато.

Автор и режисер на интерактивниот перформанс „Актер Човек“ е Теа Беговска, а музиката е на Енес Беговски, а играат Никола Кузелов и Надица и Даријан Петрови.

Театарскиот перформанс „Актер – Човек“ зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себеси, колку го сакам другиот до мене.

Во италијанскиот филм „По стапките на мојот татко“ (2016) на режисерот Марко Сегато, настапуваат актерите Мирко Артузо, Лучија Маскино, Леонардо Масон… Филмот е добитник на италијанскиот Златен глобус за кинематографија, номинација за наградат „Давид ди Донатело“ за најдобар млад режисер.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022