Експлозија во фабрика во Србија

Од:

Еден работник е полесно повреден денеска при експлозија на преса за производство на ракетно гориво во фабриката „Милан Благојевиќ“ во српскиот град Лучани.

„Иако детонацијата беше многу силна, никој не е посериозно повреден“, изјави директорот на фабриката Радош Милановиќ.

Според Милановиќ, работниците останале неповредни при експлозијата благодарение на тоа што фабриката ги почитува процедурите за безбедност при работа.

Повредениот работник има само неколку помали исекотини здобиени од остатоци од искршено стакло и по укажаната медицинска помош се вратил на работа.

Ова е втора експлозија на истата машина во последните десет години. А во септември, 2011 година во оваа фабрика двајца работници се здобија со потешки повреди од пожар, по што едниот од нив им подлегна на повредите.

Фабриката „Милан Благојевиќ“ произведува широк спектар на специјализирани производи за потребите на војската, еднобазни, двобазни ракетни горива и сферичен барут.

Би можело да ве интересира

Прва жртва од невремето во Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

Обезбедете храна и лекови – времето во Србија може да биде опасно

Српските граѓани добиваат СМС од полицијата: Бидете внимателни и следете ги упатствата на надлежните органи

Горан Наумовски

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек