СДСМ: Времето на непотизам и партиски вработувања заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на непотизам, партиски вработувања и лажни вести нема кредибилитет да зборува за партизација, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Цели 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ се асоцијација за 11 години вработување и сместување на блиско семејство, соработници, роднини на позиции однапред резервирани само за нив.

Затоа ВМРО -ДПМНЕ кога зборува за оваа тема треба прашањата да ги адресира до Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници кои се класичен пример за непотизам.

Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев и Анастасија Илиевска се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции.

Но, како што граѓаните и јавноста добро знаат, одговорност, правда, еднави шанси се непознати поими за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тие се навикнати на непотизам, неправда, брутална партизација.

Времето на непотизам и партиски вработувања заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, сите граѓани имаат еднакви шанси за вработување ВМРО-ДПМНЕ изгуби на претседателските избори и на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село, и ќе изгуби на сите следни избори.

Никој повеќе не верува во лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Криминалните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ се поразени!

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он