Реставраторите кои работеа на една слика од Пабло Пикасо, „Портрет на мајката на уметникот“, во текот на реставрацијата на делото наидоа на портрет на повозрасен човек кој пуши лула, сокриен зад сликата на мајката.
Директорот на реставраторскиот оддел на музејот во Барселона, Реиес Хименез, смета дека овој цртеж, нацртана со дрвен јаглен, е постар од портретот на мајката кој датира од 1896-та година.
Според него, откриената слика, ја нагласува тенденцата на Пикасо да употребува комплицирани и тешки техники при сликањето.
Неговите познавања биле далеку посопсежни отколку што претпоставувавме – заклучи Хименез.