Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на Грен слемот Вимблдон. Таа попладнево во два сета (6:2 и 6:2) ја совлада седумкратната победничка на турнирот Серена Вилијамс од САД.
Мечот траеше 53 минути.
За Халеп ова е прв трофдеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите.
Претходно, Романката во 2018 година го освои Ролан Гарос.
Вкупен награден фонд на неофицијалното светско тениско првенство изнесува 49,4 милиони долари.