СДСМ: ВМРО ДПМНЕ да престане да брани криминал и да ги остави институциите да работат

Од:

На денешната прес конференција во белиот дворец, во симболот на криминалот и корупцијата, беа изнесени информации за наводно учество на возило „џип“ со ЦОЛ таблички во еден од случаите за кои истрага води МВР, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од каде се овие информации на ВМРО-ДПМНЕ? Дали на очајната ВМРО-ДПМНЕ толку многу и смета работата на МВР и борбата со криминалот што не бира начин да им наштети на истрагите кои се во тек?“, прашува СДСМ.

„Криминалната ВМРО-ДПМНЕ треба да помири со фактот дека нема веќе ВМРО-МВРО, нема злоупотреба на полицијата и нејзино ставање во функција на одбрана на криминалот на режимот, како што 11 години делуваше оваа институција.

Денеска МВР работи професионално, отчетно, согласно законските надлежности и во интерес на граѓаните.

Ефикасноста на МВР ја потврдуваат и официјалните, јавно објавени податоци, каде што се гледа дека бројот на тешки кражби и разбојништва во 2018 година е помал во споредба со 2017 година, а се намалува и криминалитетот воопшто.

МВР и надлежните институции постапуваат по секое прекршување на законите, граѓаните се сигурни и безбедни. Тоа го потврдуваат и истражувањата на јавното мислење, две третини од граѓание се чувствуваат безбедно и сигурно.

ВМРО ДПМНЕ да престане да брани криминал и да ги остави институциите да работат.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он