Парното ќе поскапува и поевтинува секој месец, наместо како досега еднаш годишно. Според новиот правилник за топлинска енергија што го усвои Регулаторната комисија, цените ќе се горегираат еднаш месечно за да се усогласуваат со движењето на цената на природниот гас на светските берзи.
Новиот правилник ја обврзува Балкан Енерџи Груп задолжително да испорачува топлинска енергија од 6 часот наутро до 21 часот навечер, иако компанијата минатиот месец самоиницијативно грееше до многу подоцна.
Минатата недела регулаторите одобрија на Балкан Енерџи Груп да ја продолжат дристрибуцијата за два часа само ако дополнително не ги зголеми сметките.
Според првичната одлука на Регулаторната комисија парното од треба да поевтини за 13,26% за корисниците на Балкан Енерџи Груп, и речиси за 15 % за Скопје Север. Конечната одлука за ова вонредно намалување ќе биде донесена утре.