Кондарко: Донесени се измени кои не можат да се вклопат сред изборен процес

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го усвои новиот роковник за локалните избори откако Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто рокот за поднесување на кандидатурите се продолжува до 3 март.

Според претседателот на ДИК Борис Кондарко направен е упад во Изборниот законик.

– Среде изборен процес, донесени се измени кои не можат да се вклопат во веќе донесениот роковник на изборните дејствија, рече Кондарко. Дел од членовите на ДИК не се согласија и сметаат дека размислува политички.

Говорот на Кондарко, Анета Стефановска го оцени како политички.

– Законот е донесен по скратена постапка, во знак на добра волја, ова е подадена рака за опозицијата. Никој не може со сила некого да го влече да влезе во парламентот, рече Стефановска.

ДИК на денешната седница ги разгледуваше и барањата од ОБСЕ и ОДИХР за акредитација на набљудувачи за локалните избори.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?