[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Силвио Берлускони се уште е најбогат италијански политичар, со пријавен приход повеќе од 35 милиони евра за 2011 година, според објавените даночни пријави.
Медиумскиот магнат и премиер во три мандати, пријави приход од 35 милиони евра за 2011 година, што е помалку од 2010 година кога заработи околу 48 милиони евра, пренесе агенцијата „АНСА“.
Министерката за правда, Паола Северино е втора по висина на заработка, на листата на политичари бидејќи заработила околу 10 милиони евра, додека на осмо место се наоѓа премиерот во заминување, Марио Монти кои минатата година заработи 1.092 милиони евра.
Непопуларната министерка Елса Форнеро пријави приход од речиси пола милиони евра, додека министерот за финансии Виторио Грили заработи нешто повеќе од 541.000 евра.
На парламентарните избори во Италија што се одржаа неделава, коалицијата на Белускони го зазеде второто место, но сепак успеа да и оневозможи на алијансата на левиот центар на Пјер Луиџи Берсани да добие поголемо мнозинство во Сенатот.