Забрана за капење на една од плажите во Охрид

Од:

На една од охридските плажи се поставени знаци „забрането капење“. Станува збор за плажата кај Хотелот „Мизо“ на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост, место каде летуваат неколку стотини странски туристи. Неофицијално сомневањата се дека колекторот не функционира и фекалиите се слеваат директно во езерото.

„После 21 година во Охрид, прв пат на потегот од Самоилова тврдина на плажите кон Партизан, Младост се поставени знаци забрането пливање!Колекторот после толку години не е во функција! Ало фотелјаши, вие што се грижевте, што кажувате дека ќе не биде дали сте нормални? До кога ќе го уништувате и она малку убаво што остана во Република Македонија? Криминалци едни неспособни! Се работи за здравјето на луѓето, за уништување на природа, за уништување на туризмот!“, пишува на својот „Фејсбук“ профил, професорот Самоил Малчески.

Официјални информации засега нема од локалната ниту од здравствените власти, кои се причините и до кога ќе трае забраната за капење.

Би можело да ве интересира

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“