А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бесрамно ги лаже граѓаните за да го испере сопствениот срам

by А1он12/07/2019 - 10:07218
Share0

„Зоран Заев бесрамно ги лаже граѓаните на Република Македонија за да го испере сопствениот срам и криминал.
Република Македонија и нејзината меѓународна репутација станаа жртва на неспособноста, корупцијата и неодговорното однесување на Зоран Заев и неговиот криминален картел.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заев ја засрами Република Македонија пред целиот свет и докажа дека толку е несериозен што секој може од него да извлече стратешка информација за државата или телефонски број од странски државник“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој исто така призна дека ја излажа македонската јавност кога лажно ја клеветеше Руската Федерација за заговор против Македонија, и потврди дека комичарите всушност настапиле приватно и ги искористиле неговата неодговорност и неспособност.

Доколку комичарите не ги објавеа разговорите тој се уште ќе мислеше дека разговара со Порошенко и Столтенберг и ќе продолжеше да ги издава државните тајни, а воедно и да испраќа фотографии од средби со сомнителни типови инволвирани во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со ваквото несериозно однесување Заев ги загрози односите на Република Македонија со нашите соседи, но и со наши докажани меѓународни партнери и пријатели. Затоа одговорност мора да има.

Не е доволно само извинување од Заев бидејќи нанесена е огромна и непоправлива штета на државата. Ништо не може да го испере срамот кој го нанесува Зоран Заев. Затоа единственото негово извинување треба да е оставка од премиер и распишување на предвремени парламентарни избори.

Одговорност мора да има и за последниот скандал, но и за сите секојдневни понижувања кои во континуитет Заев и СДСМ им ги нанесуваат на државата и граѓаните.

Република Македонија предводена од Заев бележи порази, тоне во корупција и криминал, економијата е на дното, здравството уништено, образованието девастирано, а судството и обвинителството се заработени и работат по диктат на деспотот.

Потребно е СДСМ и Зоран Заев веднаш да си заминат за да запрат штетата, криминалите и понижувањата на државата. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео