Кошаркаркарите стигнаа до победа на турнејата во САД

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија ноќеска го победи комбинираниот универзитетски состав од Атланта со 97:87. Ова беше втор дуел на македонската репрезентација која се наоѓа на турнеја на американскиот континент со универзитетскиот состав од Атланта. Во првиот натпревар одигран пред два дена победија домаќините со 81:79.

Тодор Гечевски со 22 поени повторно беше најефикасен во нашиот состав, а според реализацијата се истакнаа и Дамјан Стојановски со 15 поени, Предраг Самарџиски со 14, како и Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Војдан Стојановски кои завршија со по 10 постигнати поени.

Репрезентацијата синоќа се комплетираше со приклучувањето на Лестер Бо Мекејлеб, кој иако не настапи на мечот против универзитетскиот тим, ќе биде на располагање на селекторот Марјан Лазовски за претстојните пријателски натпревари во Порторико.

Репрезентацијата на Македонија денеска заминува за Порторико каде в среда и четврток ќе ги одигра двата последни пријателски натпревари од подготовките против домашната репрезентација. Веднаш по нивното завршување, македонските репрезентативци ќе заминат во Каракас на предолимпискиот турнир.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ