ВИДЕО: Филе, Бузек и Ховит утре во Скопје

Од:

Се засилува дипломатската мисија на меѓународниот фактор во Македонија. Утре во Скопје пристига еврокомесарот Филе.
Портпаролот на Кабинетот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петар Стано информира дека Филе утре ќе пристигне во Македонија во заедничка мисија со членови на европскиот парламентот.

Ќе се направи да помогне за да се надмине политичката криза.

„Тоа е со цел да се постигне решение за извештајот во јуни да биде позитивен. Тој ќе биде придружуван од известувачот за Македонија во европскиот парламент Ричард Ховит и европратеникот Јержи Бузек“, вели Стано.

На прашање дали цел на неговата мисија е да се изврши притисок врз опозиицјата во насока на тоа таа да се присили да учествува на изборите Стано само кусо:

„Одговорот на тоа можете да го најдете во изјавите од претходните денови, а за остатокот ќе имате време да прашате и да дознаете утре после средбите на еврокомесарот“.

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот