Грција се уште заостанува во прибирањето на затаени даноци

Од:

Грција се уште заостанува во прибирањето на ненаплатените даноци со кои сака да го намали фрапантниот јавен долг, наведуваат денешните весници во земјата, пренесува ДПА.

Овој набљудувачки механизам е во целосен хаос, со дел даночни инспектори кои немаат свој компјутер или дури и биро за работа, наведува весникот „Катимерини“.

Техничките експерти на тројката кредитори, ЕК, ЕЦБ и ММФ, заклучија дека Атина ќе обезбеди помалку пари од дополнителни даноци отколку што очекуваше и пресметаа ревизорите.

Атина во 2012 година во касата внесе само 1,1 милијарда евра од дополнителни даноци споредено со 1,9 милијарди евра колку што се надеваше дека ќе собере.

Помалата наплата во еден дел е предизвикана од многуте должници и банкроти или ликвидирани фирми, наведуваат медиумите.

Инспекторите наведуваат дека даночните агеници имаат многу малку персонал и вработени, а клучните агенции, како што се даночните канцеларии, на големо изненадување немаат ниту свои компјутери или бироа.

Грчката влада вчера почна кампања за прибирање на затаени даноци со закана за кривично гонење за секој еден обврзник кој прикрил повеќе од 5.000 евра неплатен данок.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент