Во Азија има најмногу милијардери отколку на останатите континенти, а по неа следат Северна Америка и Европа, е резултатот од студијата на кинескиот магазин за богати „Хурун Рипорт“.
Во светот во јануари имаше вкупно 1.453 богати луѓе, чие богатство надминува милијарди долари, додека во Азија се 608 милијардери, Северна Америка 440 и Европа 324, стои во соопштението.
Мексичкиот сопственик на „Телеком“, Карлос Слим (73) е наведен како „најбогат човек на платетата“, со богатство од 66 милијарди долари. Тој како најбогат е назначен и на листата на „Форбс“.
Втор на листата на „Харун Рипорт“ е американскиот инвеститор Ворен Бафет, а трет Аменцио Ортега од Шпанија, основач на брендот „Зара“.
Се проценува дека вкупното богатство на светските бизнисмени изнесува околу 5, 5 билиона долари.
Елена Георгиевска