Европската куќа на фудбалот – УЕФА му ја изрече најавената казна на Лацио поради расистички испади на неговите навивачи на дуелот одигран на 21 февруари со Борусија Менхенгладбах од Лигата на Европа.
Италијанскиот фудбалски клуб Лацио следните два натпревара на домашен терен од еврокуповите ќе ги игра пред празни трибини.
Лацијалите добија и парична казна од 40 илјади евра.
Првиот дуел на кој Лацио ќе ја издржува казната ќе биде оној против Штутгарт во реваншот од осминафиналето во Лига Европа.