Левица: Земјоделците се оставени на милост и немилост на пазарот

Од:

„Владата на социјал-демократите немајќи никаква визија за економијата и земјоделието како витална стопанска гранка и дејност, по обичај земјоделците ги препушта на милост и немилост на пазарот!

Министерот за земјоделство Трајан Димковски сосема отворено им соопшти на земјоделците дека нивното производство Владата нема намера никако да го третира или уште помалку да го заштити, туку дека за нив и нивните производи ќе одлучувал пазарот! Како што и самиот министер во својата изјава потврди, ваквата пазарна логика без поддршка на пласманот од државата особено ќе ги погоди помалите земјоделци и нивната егзистенција која и моментално е загрозена“, соопштуваат од Левица.

„Апсолутно неприфатливо е земјоделците и земјоделието како дејност каде се произведува пред се, храна за луѓето и животните, но и суровини за индустриска преработка и други иманентно потребни производи за животот – преку одгледување на одредени растенија и домашни животни – да се препушти на пазарот кој, не само што самите земјоделци ги фрла на маргините од социјалната скала, туку како што бевме сведоци од скоро време, тој ги фрла по улици и ги уништува дури и нивните плодови произведени со тешки маки и многу труд.

Додека трудот на земјоделците е погазен,а нивните семејства пригушени во преживувањето, Владата троши на советници и разно разни бирократи и ПР експерти кои имаат единствена задача да работат како јавни апологети на владеачката гарнитура. Кога Владата троши енормни суми на пари во воени цели за туѓи интереси и организации како НАТО пактот, кои водат војна и окупираат народи ширум светот, таа нема никакво оправдување за немањето пари и капацитет да обезбеди достоинствена откупна цена на земјоделските производи“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Повик за масовна излезност за да ја довршиме пасокизацијата на СДС

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Горан Наумовски

Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Горан Наумовски

Македонската платформа на Левица го штити македонскиот јазик

Крмов од Берово: Левица се залага за задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници