СДСМ: Мицкоски одработува за оние што сакаат да ја одалечат земјата од ЕУ и НАТО

Од:

„Христијан Мицкоски е фрустриран затоа што премиерот на државата и претседател на СДСМ Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО.

Заканите од хибридни напади, лажните вести и манипулациите се само затоа нашата држава веќе годинава станува 30 земја членка на НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат да продолжи напредокот, што стануваме членка на НАТО и напредуваме во интеграцијата во ЕУ.

Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре.

Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ