А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не е жртва, туку Македонија е жртва на неговиот криминоген карактер

by А1он10/07/2019 - 09:08188
Share0

„Зоран Заев не е жртва, туку Република Македонија е жртва на неговиот криминоген карактер, неодговорноста и неспособноста.

Следете a1on на Instagram Instagram

Република Македонија 3 години е држава која е загубена во корупција, нееднаквост пред законот и расипништво.
Извинувањата за злоделата на Зоран Заев не помагаат да се исчисти срамот и конечно да се тргне напред. Заев треба да одговара за своите постапки.

Заев со своите несериозни и расипнички постапки ја срами Република Македонија каде и да стигне и ризикува да ги влоши односите на земјава со меѓународните партнери“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорност мора да има не само поради последниот меѓународен срам со кој што ја засрами и Македонија и нашите партнери и пријатели, туку и поради низата погрешни политики и скандали кои што тој и неговите функционери ги прават во континуитет.

Следете a1on на Youtube YouTube

Заев треба да понесе одговорност затоа што земјава не доби датум за преговори со Европската Унија. Македонија не доби датум заради немањето реформи од страна на власта што го потврдија и странските дипломати во земјава. Затоа

Заев наместо да бара изговори и да обвинува други, треба да ја понесе одговорноста за овој неуспех.

Одговорност треба да има и за високата корупција, криминалот, местените тендери на функционерите од врхушката на власт, но и непотизмот кој како канцер го зафати нашето општество.

Заев треба да одговара затоа што ја уништи македонската економија која е на дното во Европа, граѓаните стануваат посиромашни, долгот вртоглаво расте, додека бизнисите на неговата фамилија од ден во ден се повеќе се шират.
Одговорност мора да има и заради шерифското однесување на државните функционери кои киднапираат и тепаат граѓани, се закануваат, купуваат нелегални супстанци и шверцаат цигари без да одговараат пред законите.

Заев треба да одговара и за заробеното судство и обвинителство кои единствено служат за прогон на неговите политички неистомисленици и амнестија на своите криминали и криминалите на соработниците.

Република Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ не е ниту демократска ниту европска држава. Државата и граѓаните можат да имаат европска иднина и просперитет единствено кога Заев и СДСМ ќе си заминат од власт и ќе се вратат правото и правдата во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео