Зголемени вредности на песочни честички во атмосферата се регистрирани на Кипар во текот на последните денови, соопштуваат кипарските грчки медиуми.
Количеството на песочни честички е над дозволените норми, алармираат властите, кои очекуваат дека од денеска воздухот над островот да почне да се чисти, бидејќи има промена на ветрот.
Песочните честички во атмосферата доаѓаат од Африка и се сметаат за вообичаена појава на островот, смируваат метеоролозите.