ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот неколкукратно аболициран премиер во Европа

Од:

„Македонија е загубена држава со Зоран Заев на власт. Зоран Заев и криминалната влада која ја води ја претворија државата во дувло на криминал и корупција. Наместо кривични постапки против функционерите во власта имаме амнестирања од страна на премиерот.

Зоран Заев е единствениот неколкукратно аболициран премиер во Европа, тој е човекот кој ги амнестира од одговорност и криминал сите функционери во неговата влада фатени во сомнителни работи, зделки и потфати“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев го амнестира Драги Рашковски. Заев не побара оставка од Рашковски, ниту пак повика на истрага.

Зоран Заев го амнестираше и Кочо Анѓушев, кој во екот на преговорите со Грција ја продаде својата фирма ЕДС на грчкото електростопанство.

Зоран Заев го аммнестираше и Оливер Спасовски, кој преку оглас додели лиценци за спроведување на возачки испити на фирма на другар на Зоран Заев од Струмица.

Зоран Заев го амнестираше и Јован Деспотовски преку кој беа доделени милиони на име грантови за иновации на блиски луѓе до СДСМ.

Зоран Заев ги амнестираше и десетиците случаи на непотизам, на синови и ќерки на негови функционери вработени во јавната администрација. Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ